Категории

Овие модели на облека го издолжуваат телото и секоја жена изгледа витка

Не е задолжително да бидеме на диета за да изгледаме витки. Одличен сојузник во тоа може да ни биде вистинската облека. Кога станува збор за виткиот изглед, облеката може да ни биде пријател, но и непријател.

Ако ја избереме правилно според својата градба на телото, може да се постигне тој ефект. Погледнете ги следните модни комбинации во кои загарантирано ќ изгледате послаби!

Голи раменици

Маиците и фустаните со голи раменици или топовите без прерамки се одличен избор ако сакате да прикриете нешто – на пример, стомакот. Голите раменици ќе го привлечат вниманието на тие делови на телото.

Длабоко деколте

Пожелно е деклтето на маиците и фустаните да биде малку подлабоко, но мора да внимавате да не претерате. Најдобар избор е секако V деколтето, кое го издолжува вратот и го прави лицето потенко и послабо, а освен тоа постигнува ефект на издолжување на горниот дел од телото. Ако си една од оние кои имаат помали гради, добра опција е и кружен отвор на маицата или фустанот. Во секој случај, треба да ги избегнувате оние затворени маици бидејќи тие визуелно го прошируваат и кратат телото.

Висок струк

Во панталониите или здолништата со низок струк може многу лесно да се случи да ви испадне стомакот, но тука на помош доаѓаат панталоните и здолништата со висок струк во кои тоа не може да се случи. Освен тоа, панталоните и здолништата со висок струк ќе ви ги издолжат нозете и со тоа визуелно ќе изглдата послаба. Може да се одлучите и за пошироки и потесни модели, а она на што треба особено да обрнете внимание е комбинирањето на тесни модели со широки маици и кошули, додека со широките панталони треба да се комбинираат тесни маици. Во никој случај комбинацијата широко со широко.

Облека на преклоп

Ваквите фустани или комбинезони се добар избор од повеќе причини. Еден од нив е V- отворот кој како што напоменавме визуелно истенчува. Исто така, овие парчиња го нагласуваат струкот и ја дефинираат фигурата. Нагласен струк значи и визуелно подолги нозе. А згора на тоа, го прикриваат вишокот на подрачјето на стомакот.