Категории

ВО РЕАЛНОСТА, СИТЕ ИМАМЕ ЧЕТИРИ ЖЕНИ…

Си живеел еден богат трговец кој имал четири жени.

Најмногу ја сакал својата четврта жена. И’ подарувал скапи подароци, се грижел за неа и и’ го давал целото материјално богатство.

Исто така, многу ја сакал и својата трета жена. Бил горд на неа и секогаш ја покажувал пред своите пријатели. Но секогаш постоело страв кај него дека таа ќе го напушти и ќе оди со некој друг.

Ја сакал и својата втора жена бидејќи таа била внимателна кон него. Всушност, неа најмногу и’ се исповедал. Кога имал проблем со некој трговец, и’ приоѓал и таа секогаш му помагала и го водела низ тешките времиња.

Но трговецот ја имал и својата прва жена која му била верна и му помагала да го стекне сето тоа богатсвто со години. Се грижела за домаќинството и семејството. Но, трговецот не ја сакал и едвај ја забележувал.

Еден ден трговецот се разболил, и знаел дека наскоро ќе умре. Размислувал за своето богатсво, па си рекол себеси: „Имам четири жени. Но кога ќе умрам, ќе останам сам“.

Одлучил да разговара со нив, па најпрво ја запрашал својата четврта жена: „Те сакам најмногу од сите. Ти ги давав најубавите работи и се грижев за тебе. Сега умирам и би сакал да ме следиш низ мојата смрт“. Таа изненадено му одговорила: „Не доаѓа во предвид“, напуштајќи го.

Нејзиниот одговор го повредил. Тогаш трговецот, ја запрашал својата трета жена: „Те сакам и секогаш беше во мое друштво. Кога ќе умрам, би сакал да ме следиш низ мојата смрт“. „Не“, таа му одговорила, „животот тука е толку добар и штом ќе умреш јас повторно ќе се омажам за друг“. Тие зборови му го скршиле срцето.

Така, ја запрашал неговата втора сопруга. „Секогаш ти се обраќав за совет и ти ми помагаше. Сега повторно ми е потребна твојата помош. Кога ќе умрам, дали ќе сакаш да ми се придружиш?“, „За жал повеќе не можам да ти помогнам“, му одговорила жената. „Во најдобар случај ќе те испратам до гробот“. Нејзиниот одговор го погодил и тој паднал уште повеќе болен.

Тогаш го слушнал гласот на неговата прва жена: „Јас ќе дојдам со тебе. Ќе те следам каде и да одиш“, му рекла неговата прва жена. Била толку ситна и ненахранета. Со тага во грлото трговецот рекол: „Требаше повеќе да се грижам за тебе. Само ти не ме напушти“.

Во реалноста, сите имаме четири жени…

Четвртата жена е нашето тело. Без оглед на тоа колку и да се грижиме за него, ќе не’ напушти кога ќе умреме.

Нашата трета жена е нашето богатство и она што го имаме во материјалниот свет. Кога ќе умреме сето тоа ќе остане за другите.

Втората жена е нашето семејство и пријателите. Без оглед на тоа колку сме биле блиски со нив, во најдобар случај ќе не’ испратат до самиот гроб.

Првата жена е нашата душа. Често занемарена поради потрагата по материјалното богатство и привремените уживања. Таа нас нe’ прати низ целиот живот. Можеби би било подобро да размислеме кој ни е најблизок, а не во моментите на смртта да плачеме зошто сите нe’ напуштиле, освен нашата душа…

Прегледи:
546
Објавено на:
25.08.2016