Категории

Во Шпанија е отворен првиот бар за дремка

Во Мадрид, главниот град на Шпанија, отворен е првиот бар за дремка, каде посетителите ќе можат да дремнат и да ги наполнат батериите за остатокот на денот. Барот се вика “Siesta & Go” и се наоѓа во финансискиот кварт на Мадрид, Азци.

Барот е инспириран од сличните барови за дремка кои веќе функционираат во Лондон, Дубаи и во неколку градови во Јапонија.

Шпанскиот бар на своите гости им нуди приватни соби или простори во кои може да се дремне заедно со други луѓе. Покрај ова, по желба, гостите может да добијат и пижами, влечки, весници и кафе.

Цената за една дремка се движи од 12 до 14 евра за час.

Прегледи:
369
Објавено на:
20.01.2018