Категории

ВО СКОПЈЕ: За 60 денари поглед вреден милион долари

Според планираниот ценовник, за комбиниран превоз со жичницата и со лифтот цената на билетот за возрасни и за деца до 14 години ќе биде 130 денари, додека за деца од 6 до 14 година 60 денари.

pogled-vodno-640x285

Реконструкцијата на Милениумскиот крст е во финална фаза. Панорамскиот лифт е монтиран, а во моментов се поставува изолацијата на објектот. Од ЈСП Скопје, претпријатие кое стопанисува со лифтот, информираат дека се очекува комплетната реконструкција да заврши за дваесетина дена, по што и официјално ќе биде пуштен во употреба.

– Веќе сме во финална фаза, но кога ќе завршиме зависи од временските услови. Доколку се оди според предвидената динамика, очекуваме тоа да се случи идниот месец, информираат од ЈСП, пренесува Вечер.

Станува збор за лифт од француско производство од фабриката “Содимас” која е во првите три најдобри за ваков тип лифтови. Чини околу 300.000 евра и ќе биде сервисиран од производителот, во времетраење во согласност со договорот.

Од јавното претпријатие објаснуваат дека посетителите ќе може да се движат по краците и до врвот на Крстот, со тоа што ќе бидат во присуство на едно службено лице од ЈСП што ќе ги придружува.

– Времето на возењето би било од 50 до 60 секунди, а носивоста на кабината ќе биде до 800 килограми, што значи дека лифтот ќе може да прими до 10 лица, велат од ЈСП.

Целиот проект за обнова на Крстот и околината предвидуваше демонтажа на постојниот и изградба на нов панорамски лифт со придружни простории и елементи. Поставени се и нови електрични инсталации, опрема и агрегат, како и целосна инфраструктура. Водоводната мрежа е изградена и конечно ќе проработи и ресторанот на Крстот.

Од ЈСП очекуваат и ресторанот да биде отворен до крајот на идниот месец.

Граѓаните за овие цени ќе уживаат во прекрасниот поглед на Скопје.

Извор: КУРИР

Прегледи:
740
Ознаки:
· · · ·
Објавено на:
04.08.2016