Категории

Во својот живот жената среќава два типа мажи!

Во срцето на жената има место за два типа мажи најпросто кажано. Едниот ја разтреперува само со поглед, ја возбудува само со еден допир, а неговите бакнежи ја пренесуваат во друга вселена каде постојат само тој и таа. Тоа е мажот што буди страст во неа, тоа е мажот без кој воздухот што го дише не е истиот, тоа е мажот кој ја прави неразумна…

Другиот е удобен! Не дека има нешто лошо во тоа. Дури напротив. Тој е оној што го изгубил умот по неа. Тој ја преплавува со љубов, се обидува да ја разбере, да ја подржи, да и биде пријател, заштита и љубовник. Тој сака да и го даде најдоброто. Тоа е мажот што може да ја разбуди љубовта во неа, тоа е мажот со кој таа може да го помине остатокот од својот живот.

Ако имаш среќа ќе ги сретнеш и двајцата во твојот живот. Ако имаш многу голема среќа ќе го сретнеш мажот во кој има и од двата типа. Но најчесто жената е изправена пред изборот – или едниот или другиот.

И велам избор не случајно. Зошто обично сами ја избираме судбината и љубовта. И двата типа мажи ги има, прашањето е на кого ти ќе му дозволиш да влезе во твојот живот.

Се сеќавам на една епизода од Сексот и градот каде пријателка на Кери се мажеше. На свадбата невестата и вели: „Секогаш е подобро да се омажиш за маж што ќе те сака малку повеќе отколку ти него“.

Факт! Оваа теорија е дури и научно докажана. И сепак не е ли малку тажно? И ако не успееш или не научиш и ти да го сакаш, тогаш што? На ова треба да гледаме како на некаков успех или помирување со фактите?

Незнам…Наречете ме наивна но јас не сакам да се помирам. И не сакам да поверувам дека кога ќе си фатиш слуга за сопруг кој ќе ги задоволува сите твои капризи тоа ќе биде среќа или уште полошо, љубов. Не, не е љубов, досада е! И додека не погледнеш на човекот до тебе како на партнер, ќе ја бараш страста во нечии други прегратки.

Но најлошото е што љубовта нема да ја најдеш ни таму. Зошто прво треба да ја најдеш во себе. Ако успееш да го сториш тоа, тогаш нема да биде важно кој тип маж си го избрала, зошто ти ќе си ти, тој ќе е тој, а заедно ќе сте ние…

Прегледи:
359
Ознаки:
· · · ·
Категории:
Занимливости
Објавено на:
06.02.2016