Категории

Во животот е најважно да имате миг за себе

Со секој изминат ден постојано сме во брзање за нешто. Било да е тоа работна или домашни обврски, но ретко кога тие обврски ни даваат шанса да издвоиме малку време за себеси. Дали можете да се потсетите кога последно сте поминале лежерен опуштен ден и сте отишле на фризер, на кафе со некоја стара приајтелка, сте направиле опуштачка купка во бањата, и сте испиле финџал топло кафе слушајќи музика додека мислите ви летаат некаде далеку, без никаква оптеретеност за тоа што треба да се заврши, што чека да биде исполнето и направено?

Веројатно дека таквите денови ги има многу малку со оглед на тоа што темпото на животот денес така ни налага. Но што кога еден ден ќе погледнете назад и ќе сфатите дека сето тоа брзање направило да го занемарите сето она кое претходно ве правело она што сте. Пријателите постепено станале ваши далечни познаници, нештата во кои сте уживале, хобијата во кои сте биле добри ви делуваат како да биле дел од некој минат живот, и се што ви останува се само спомени од тоа како постојано сте биле во некаква трка.
Времето за себе е уште еден од тие приоритети во листата на обврски кои морате да го додадете како исклучително важна задача. Доколку не издвојувате време за сопствено задоволство, ќе останете заглавени во лавиринтот кој постојано ќе ја зема вашата енергија, за на крајот да ве остави комплетно празни.

Барем неколку часа во неделата обидете се да си го посветите само на себеси и на своето ментално здравје. Нека тоа биде по еден час во денот кога ќе имате време за себеси да направите нешто кое ќе ве исполни и ќе ги наполни вашите батерии за наредниот ден. Не заборавајте дека во животот е многу поважно да останете доследни на она што сте и пред се друго, да можете да се слушнете себеси и што вашето срце ви кажува.

Прегледи:
599
Објавено на:
07.11.2019