Категории

Во животот најважно е вашето дете да биде здраво и среќно

Оставете ги децата да бидат деца, затоа што целиот живот ќе бидат возрасни, а тоа е понекогаш толку здодевно.

Како тоа мислиш не си ја запишала на англиски и германски, а си можела и на балет?
Детето ти е баш слабо, дали јаде нешто воопшто, знаеш моето дете јаде уште откако излезе од породилиштето.

А дали спие ноќе? Моето дете спие 20 часа, останатите 4 часа мирно седи и си игра.

Како тоа сеуште не проодело а има 11 месеци? Моето дете оди уште од 6 месеци, а понекогаш и подготувува ручек за сите нас на само една година. Следната година ќе го вработиме, ќе биде самостојно дете уште од првиот ден.

Не ми е јасно како е возможно твоето дете сеуште да не зборува, моето зборува се, го научивме гатанки а пишува и чита уште од првата година.
Како тоа не ми ги купуваш најскапите нешта? Децата изгледаат несреќно и бедно ако не носат нешта кои се брендирани.

Гледаш, твоето дете е приврзано само со тебе, моето веднаш се вклопува секаде и се дружи со сите.
Јас го одбив од доење после 6 месеци, ти си луда што сеуште доиш.
Ние забчињата не ги ни осетивме, нашето дете не беше нервозмо како вашето.
Како тоа има само две забчиња? Па ние имаме десет!

А вие сеуште ги користите нештата од постариот брат и сестра, ние купивмо се ново, не сакавме да употребуваме старо.

„Децата се украс на светот. И секој украс е посебен и уникатен за себеси. А жените како жени, вечно се натпреваруваат чие дете, какво е. И секое е различно. Секое ќе прозбора, прооди, научи за животот тогаш кога е самото подготвено за тоа.“

Дали е дебело, слабо, има пет или десет забчиња, дали спие ноќе или плаче, дали проодело пред или после година дена, дали знае пет песнички или пак не знае нити една – ВООПШТО НЕ Е ВАЖНО!

Единствено нешто што е важно е вашето дете да е здраво и среќно.
Тоа се двата столба кои е доста тешко да ги издржите на вашите рамена, и свесни сте дека не смеете никако да се срушат.

Вашата единствена грижа е среќата на вашето дете, вашата единствена грижа е здравјето на вашето дете и пред се нормалниот однос спрема неговото ново битие.

Не слушајте што проповедаат разни мајки кои само знаат да испитуваат за да се споредуваат со некого, не ги лечете сопствените комплекси на своите деца и немојте преку нив да ги остварувате своите амбиции.

Оставете ги децата да бидат деца, затоа што целиот живот ќе бидат возрасни, а тоа е понекогаш толку здодевно.

Прегледи:
1010
Објавено на:
03.06.2020