Категории

Водич низ неговиот ум: 4 допири кои тотално ќе го излудат

Навикнати сте да читате совети од женска гледна точка, меѓутоа овој пат ви подготвивме трикови кои тотално ќе го излудат кои ги препорачуваат мажите.

1. Допир на колената

Додека седите во негова близина, нежно допрете му го коленото кога сакате да му кажете нешто возбудливо, како на пример: „Ова мора да го слушнеш!“ Тоа е повеќе од очигледен доказ колку ви се допаѓа.

2. „Случаен“ допир

Додека му приоѓате или поминувате покрај него, нежно со ноктите поминете преку ивицата на неговиот врат и неговата коса. Постои нешто анимално во допирот на тој дел од телото.

3. Помирисајте го

Кажете му: „Прекрасно мирисаш! Кој е тој парфем?“, а потоа приближете му се и помирисајте го неговиот врат. Така ќе го осети вашиот здив на вратот, вашата рака на рамото, како и вашиот мирис.

4. Гушнете го со сета сила

Не го гушкајте срамежливо и млитаво. Бидете храбри и останете во неговата прегратка некоја секунда повеќе.

Прегледи:
621
Објавено на:
26.04.2018