Категории

Водолиите во паралелна врска, а Близнаците заљубени до уши: Љубовен хороскоп за декември 2016-та

Лав

Декември ќе го одбележи богатиот сексуален живот. Доколку сте слободни, можно е да бидете расположени за менување на партнерот, а и ако сте во врска, дефинитивно нема да ви биде здодевно. Сепак, далеку дека сите Лавови ќе бидат во вакво расположение. Повеќето од вас ќе го искористат овој период да ја обноват старата љубов и да се посветат на партнерот на нежен и романтичен начин. Вашата сакана личност ќе умее тоа да го цени.

Девица

Од декември, па сè до крајот на зимата, Девиците ќе имаат повеќе емотивни кризи и ќе се чувствуваат многу осамено. Вас зимата едноставно не ви годи, па често ќе бидете негативно расположени. Сепак, тоа не значи дека не сте многу привлечни и секси, па својот шарм ќе го искористите – бидете насмеани и заводливи, без разлика на сè, само така ќе го привлечете спротивниот пол. Намрштените нема да постигнат ништо друго, освен да ги избркаат потенцијалните партнери што подалеку.

Вага

Овој декември ќе ги признаете своите грешки и ќе се обидете да ги поправите. Човечки е да се греши, а вие сте нежна и одговорна личност која не сака да признае неуспех. Вашите намери ќе бидат искрени и срдечни. Нема да имате ни малку злоба во себе. Од друга страна, партнерот ќе ве опсипува со пријатни изненадувања, скапи подароци и ненадејни патувања. Оние слободните можат комплетно да се препуштат на новите емоции и да уживаат во празничното расположение.

Скорпија

На Скорпиите веќе подолго време и се додворуваат познаници, но тие одлучуваат тоа да го игнорираат. Не сте сигурни дека од пријателството може да изникне љубов, а овој сомнеж ќе ве мачи и во декември. Уште не сте подготвени да се препуштите некому, бидејќи претходно сте биле повредени, а раните сè уште не заздравеле. Скорпиите кои се во врска ќе бидат многу љубоморни и посесивни во текот на целиот месец.

1 2 3

Прегледи:
841
Ознаки:
Објавено на:
04.12.2016