Категории

Водолиите во паралелна врска, а Близнаците заљубени до уши: Љубовен хороскоп за декември 2016-та

Стрелец

Стрелците кои се врска или брак ќе претрпат бурен период кој ќе трае до втората недела на декември, а расправиите и недоразбирањата ќе го одбележат целиот месец, бидејќи сте незадоволно од односот со партнерот кој вас ви станал здодевен и неинтересен. Тоа силно ќе се обидувате да го промените, ама нема да ви оди од рака. Слободните Стрелци сакаат внимание и некој со кој ќе можат да ги дочекаат празниците. Шансата за љубов ќе ви се насмее на средина на месец.

Јарец

Слободните припадници на овој знак ќе имаат неколку шанси за романса, но главниот проблем ќе им биде што нема да знаат точно кога да се ослободат од грижите. За тоа можат да ви помогнат најблиските пријатели, а нивните совети ќе ви бидат пресудни во изборот. Оние пак, кои се во сериозна врска може да се одлучат за брак, а пак, за оние кои веќе се во брак, ова е поволен период за формирање на семејство.

Водолија

Слободните Водолии ќе имаат многу голем избор на флертувачи од кои нема да можат да се одлучат што да прават. Во декември можно е и да започнете неколку паралелни врски, но морате да бидете внимателни во поглед на тоа прашање. Веќе на средина на месецот ќе морате конечно да однесете одлука што да правите понатаму. Оние кои се во врска ги очекува мирен и складен однос со партнерот. Проблемите веќе сте ги решиле, а сега на ред е да се разгалувате еден со друг.

Риби

Оние кои се во врска може да почнат и заеднички бизнис проекти со партнерот, па нема да можат да најдат баланс меѓу времето кое треба да го поминат во романтика и релаксирање и времето кое треба да го посветат на обврските. Очекувањата ќе ви бидат премногу високи, па можно е до крајот на месецот да дојде до разочарување. Но, за среќа, проблемите брзо ќе поминат. Оние слободните пак, можно е да се поврзат со некоја личност од работа.

1 2 3

Прегледи:
840
Ознаки:
Објавено на:
04.12.2016