Кејт Мидлтон и принцот Вилијам синоќа во ги угостија претседателот на Украина Владимир Зеленски и неговата сопруга во Олена Зеленски во Бекингамската палата во име на кралицата Елизабета II која моментално престојува во дворецот во Виндзор.
За прв пат после неколку месеци, кралскиот пар повторно пристигна во Бекингамската палата за службена цел.
На овој важен настан војвотката од Кембриџ носеше фустан во нежно сина боја со А-крој од дизајнерката Emilia Wickstead.
Целокупното модно издание го направи уште погламурозно со помош на дијамантскиот накит кој го гледаме за прв пат на неа за кој се претпоставува дека и припаѓаше на принцезата Диана или дека е креиран според оној кој своевремено го носеше таа. Се работи за обетки и огрлица од сафири.