Категории

Војвотката од Кембриџ го истакна трудничкото стомаче

По повод настанот „Commonwealth Fashion Exchange reception“, Кејт Мидлтон приреди гламурозен моден настан во Бакингемската палата.

За оваа пригода, Кејт блесна и го истакна трудничкото стомаче во црно-белиот фустан со тантела од брендот “Erdem”.

Помеѓу гостите беа дизајнерката Стела МекКартни, моделот Наоми Кемпбел и уредничката на магазинот Vogue, Ана Винтур.