Категории

Војвотката од Кембриџ прекрасна во розово на свадбата на нејзината сестра

Како и што се очекуваше на една од најпопуларните свадби годинава, на нејзината сестра Пипа Мислдтон, војвотката Кетрин воодушеви во розова креација на една од нејзините омилени дизајнерски куќи Alexander McQueen, која исто така ја „потпиша“ и нејзината венчаница кога се омажи за принцот Вилијам. Во текот на свадбената цереминија Кејт беше во придружба на принцот Џорџ и принцезата Шарлот кои беа задолжени за цветните украси.. Најмладите припадници на кралството носеа облека од брендот Pepa&Co.
На венчавката присуствуваа и нејзиниот сопруг принцот Вилијам заедно со својот брат принцот Хари.


Прегледи:
335
Објавено на:
22.05.2017