Категории

Време е да си простиш на себе

Верувај дека некаде љубовта те чека. Тоа е онаа љубов која го разбира секој јазик кој ти го зборува срцето.

Време е да си простиш што си прифатила помалку од она што го заслужуваш. Што си ги пуштила духовите во твоето срце, што си љубела усни кои биле отров додека ти си мислела дека биле лек.

Време е да си простиш што никогаш не си можела да сакаш половично. Што си се надевала на некој кој не знаел што да направи со твојата душа, кој не знаел да се носи со тежината на твоите коски поради чувството кое си го имала внатре во тебе.

Време е да си простиш за надевањето, за тоа што си верувала во нежноста на љубовта и како таа може да владее со тебе. Време е да си простиш за обидувањата, за искреното верување дека „те сакам“ значи „ќе останам“.

Време е да си простиш што некои луѓе те напуштиле. Тие се оние кои не се бореле, поради кои си се чувствувала дека не си вредна за некој да те сака онака како што ти сакаш. Време е да си простиш што си верувала, што си им дозволила да остават отисоци на тебе.

Време е да си простиш што си била вознемирена, што си дозволила да остават спомени во тебе и да земат онолку колку што им е потребно.

Верувај дека некаде љубовта те чека. Тоа е онаа љубов која го разбира секој јазик кој ти го зборува срцето. Нема да те зема здраво за готово. Таму некаде постои љубов која ќе биде повеќе од она што некогаш си го чувствувала, љубов за кој ќе знаеш дека е создадена за тебе, но мораш да бидеш трпелива.

Немој да се враќаш во прегратките на оние кои те скршиле, немој да дозволиш лузните да те уверат дека твоето срце нема вредност. Бори се за љубовта која ја заслужуваш, побарај љубов кој ќе ти зборува, љубов поради која ќе сакаш да бидеш подобра личност, љубов која ќе те инспирира, и таа ќе дојде.

Прегледи:
830
Објавено на:
03.03.2020