Категории

Време е за есенско освежување на кожата на лицето: Овие 3 третмани се совршени за сите типови на кожа!

Лицето на жената претставува нејзин заштитен знак, најдобар показател на нејзиното здравје, како и времето одвоено за правилна нега која ја враќа свежината на лицето, ги поправа сите недостатоци и оштетувања кои настануваат низ годините, а особено во текот на летниот период кога сончевото зрачење е големо. Токму затоа есента и зимата се идеални за третманите кои ќе ја доведат вашата кожа на лицето до совршенство.

Anti Aging Center by Promoitalia како бренд кој секогаш ги претставува најдобрите и најсовремените услуги и препарати кога станува збор за негата и здравјето на лицето и телото, се користат различни третмани за да ја подобрат структурата на кожата, да изгледа понегувано, посвежо и поздраво, а овој период од годината е одличен за следните 3 третмани – Хемиски пилинг Pro Peel, ботокс Dysport и Фракционен ласер.

ХЕМИСКИ ПИЛИНГ PRO PEEL

Хемискиот пилинг Pro Peel претставува медицински третман со кој се подобрува изгледот и текстурата на кожата, се постигнува измазнување на тенките и средно длабоките брчки, се избледуваат хиперпигментациите, се третираат лузни и акни и други оштетувања на кожата предизвикани од сонце. Тој може да биде суперфицијален (површински), средно длабок и длабок пилинг, во зависност од типот на хемиската супстанција која ја користиме, нејзината концентрација, времето на дејствување и секако проблемот за кој го употребуваме.


Како дејствува?

Хемискиот пилинг PRO PEEL се изведува со нанесување на хемиска супстанција на кожата која предизвикува контролирано оштетување на површинските слоеви на клетките и нивна ексфолијација односно лупење. Најчесто се употребува на лицето, но може и на вратот, рацете или грбот. Новата регенерирана кожа која се крие под лушпите е помазна, посјајна и со помалку изразени брчки. Значи освен тоа што ги отстранува старите оштетени слоеви на клетки тој стимулира и создавање на нов колаген, ја зголемува количината на хијалуронската киселина и го подобрува квалитетот на еластичните влакна истовремено намалувајќи ги оксидативните оштетувања на кожата.

Каде се применува?

Хемискиот пилинг преку ексфолијација на клетки и стимулација на создавање на колаген и еластин го подобрува изгледот на кожата и нејзината структура. Тој е ефективен при решавање на кожни проблеми како што се: хиперпигментации, лузни, акни, тенки и средно длабоки брчки, оштетувања на кожата предизвикани од сонце.

Третманот трае 30 до 45 минути и го изведува обучен специјалист дерматолог од тимот на Anti Aging Center by Promoitalia. Пациентот за време на третманот чувствува жарење и топлина која за кратко време поминува. Регенерацијата на кожата трае од 2-3 дена кај суперфицијалниот до 5/7 дена кај средно длабокиот пилинг.

По третманот препорачливо е користење високо хидрирачки регенеративни креми и креми со заштитен фактор СПФ>30 поради зголемената чувствителност на новонастанатата кожа. Затоа, најдобар период од годината за примена на овој медицински третман е периодот касна есен-зима-рана пролет кога и сончевото зрачење не е многу големо.

DYSPORT БОТОКС – идеален за отстранување на брчките на лицето

Dysport функционира така што ги блокира нервните импулси на мускулите на лицето кои прават брчки. Во нормална состојба, мускулите на лицето се прицврстени за внатрешната површина на кожата. Кога се намалени, на пример, при насмевка, разговарање или гримаси, тие му овозможуваат на лицето израз. Во младоста, кожата е доволно еластична, така што може да го издржи настанувањето на брчки. Меѓутоа, со тек на годините, се намалува нејзиниот тон и се создаваат кожни набори.

Со оглед на тоа дека Anti Aging Center by Promoitalia секогаш ви го нуди само најквалитетното, ботоксот Dysport е единствениот регистиран ботокс во Македонија кој нуди неверојатно брзи и трајни ефекти. Активното делување на лекот трае од 6-12 месеци, а притоа кожата е заштитена од било какви несакани ефекти и појави. Најчесто се користи на најпроблематичните подрачја: горниот дел на лицето (носот, челото), но неговата примена е поширока, па се користи и при лечење на хиперхидроза – зголемено потење. На овој начин потењето потполно се спречува во период од 6-12 месеци.

ФРАКЦИОНЕН ЛАСЕР

CО2 ласерот е најнова генерација карбон-диоксид фракциони ласери кој ја комбинира фракционата технологија со длабокиот аблативен ефект на CО2 ласерот. Третманот се нарекува аблативен бидејќи се создаваат микроскопски рани за да се создаде нов колаген во кожата. Споредено со сличните CО2 ласерски системи, CО2 предизвикува помало оштетување на колагенските влакна во ретикуларниот дерм.

Со CО2 фракциониот ласер во чии благодети може да уживате во Anti Aging Center by Promoitalia, може да се третира кој било дел од телото. Влијае врз отстранувањето брчки, линиите на кожата, го подобрува изгледот на кожата и нејзината текстура, ги затвора проширените пори и влијае на затегнување и зацврстување на кожата. Третманот со CО2 особено е ефикасен кај сите видови лузни меѓу кои и лузни од акни. Се употребува и за отстранување стрии и пигментации на кожата.

Нов колаген се создава 48 часа по третманот

По 48 часа од третманот комплетен е процесот на обновување на површниот слој на кожата (реепителизација). Новосоздавените кератиноцити од основниот слој бавно се движат кон површината на епидермисот, на тој начин нормализирајќи го површниот слој на кожата. Во исто време, микроаблативните столбови полека се полнат со нов колаген. Растот на нов колаген континуирано ја подобрува кожата во следните 3-6 месеци. Најзначајната карактеристика на еCО2 ласерскиот третман е тоа што третманот зафаќа само 20% од кожата, при што повеќе од 80% останува недопрена во третираното подрачје. Процесот на заздравување по третманот е многу брз.

Лузни

Најчесто CО2 ласерот се применува во третманот на лузни од најразлично потекло. Со ласерот се поминува двапати по должината на лузната. Повеќето пациенти имаат значително подобрување по еден третман. Понекогаш се потребни 2-3 третмани на кожните промени. Интервалот помеѓу два третмана е 4-6 недели.

Акни

Акните се заболување кое се јавува во тинејџерските години, но нивните последици ја засегнуваат секоја возраст. Лузните од акни треба да бидат правилно проценети и степнувани со цел да се одбере соодветната терапија. Првичните резултати од терапијата се охрабрувачки. Се постигнува впечатливо подобрување на дерматолошкиот статус при употребата на CО2. Болката кај пациентот воопшто не се чувствува или е минимална (пред третманот се аплицира локален анестетик). Можно е да се појават краткотрајни несакани ефекти како што е црвенило, оток, чувство на печење.

Стрии

Ласерот предизвикува оштетувања под површината на кожата во облик на цилиндар, кои организмот ги исфрла од кожата и на тој начин се отстранува старото и оштетено сврзно ткиво. Ефектот од третманот може да се види по 5-10 дена. Во наредните неколку месеци резултатите се подобруваат бидејќи и понатаму се создава ново сврзно ткиво.

Пигментации

Со CО2 се отстрануваат пигментациите на кожата кои настанале како последица на влијанието на сонцето. Може да се третира кој било дел од телото каде што има пигментација. Со ласерот се поминува преку пигментацијата, додека околната здрава кожа не се оштетува. Третманот е безболен. Потребни се до 3 третмани. Најголема предност е што со CО2 се отстранува пигментацијата од рацете и деколтето без период на заздравување, за разлика од другите третмани, каде заздравувањето е болно и долготрајно, со лоши резултати.

Брчки околу очите

Третманот е идеален по 30-та година, кога брчките околу очите стануваат поизразени поради губење на еластичноста на кожата. Ласерот механички ги отстранува брчките со зголемување на еластичноста на кожата. Се третира областа околу очите и долниот капак, што значително го подобрува и освежува изгледот на целиот предел и се отстранува уморниот изглед околу очите. Третманот е предвиден за отстранување на ситни до средно големи брчки, како и за отстранување на темната пигментација под очите.

Искористете ја есента и зимата за комплетно освежување на убавината на вашата кожа. Резервирајте го вашиот термин во Anti Aging Center by Promoitalia и уживајте во благодетите од овие ефикасни и најсовремени третмани.