Категории

Време е за голем шал – еве како да го носите

Секоја сезона ни доаѓаат нови трендови а оваа есен сигурно ќе остане запаметена по впечатливите детали. Но не само шо боите туку и димензиите, оваа сезона дефинитивно ќе остане запаметена најмногу по oversized парчињата облека односно оние кои се неколку броја поголеми од нашата вообичаена величина. Така и оваа зима шаловите се носат во голема величина, таква која наликува на ќебе. Трендсетерките ги обожаваат затоа што се идеални за зимно време кога температурите паѓаат под нулата а овие големи шалови се неверојатно топли и удобни. И за крај секако даваат посебна нота на целокупниот изглед.
Погледнете како ќе ги носиме оваа зима.

Прегледи:
1273
Ознаки:
·
Објавено на:
29.11.2016