Категории

Временска прогноза за мај: Вистински пролетни температури, многу ветар и дожд!

Според прогнозите, во првите 17 дена од мај нема да има големи температурни скокови, но нема да има ни падови, па очекуваме максимални дневни температури од 18 на 24 степени.

Во меѓувреме, дождливите денови треба да бидат најмалку девет во овој период, а во првите десет дена очекуваме многу ветрови.

Температурата под 20 степени треба да падне веќе во петок, а најстуден ден во месецот треба да биде во недела, кога нѐ чекаат ветер и дожд. Дневната температура ќе биде околу 18 степени, а ноќта околу 10.

Втората недела во мај треба да биде потопла, со помалку врнежи.

Во втората половина од месецот ќе имаме многу убаво време, со температури од 22 до 28 степени и со многу помалку врнежи отколку во првите 15 дена.

Сè на сè, нема да биде студено, ниту премногу топло, односно ќе ја уживаме целата пролет, што не беше случај одамна во нашето подрачје.

Прегледи:
566
Ознаки:
· ·
Објавено на:
02.05.2018