Категории

Времето не ги лечи раните – Ги претвора во ваше најсилно оружје

И тогаш ќе помине сето тоа, кога ќе сфатите колку таа болка е мала пред вашата решителност и смелост да и пркосите.

Понекогаш е најдобро да не се обидувате да заборавите и да ја крпите вашите рани упорно, дозволете си на себеси да се соочите со болката и ранливоста. Понекогаш најголемата сила е сокриена во неа, да бидеш доволно јак да си признаеш на себеси дека си скршен. Соочувањето е најдобриот начин да го запознаете она кое ве повредува.

И тогаш ќе помине сето тоа, кога ќе сфатите колку таа болка е мала пред вашата решителност и смелост да и пркосите. Времето не е она кое што ги лечи раните, тоа само ве подготвува да бидете силни да живеете со нив секој ден се додека не станат толку блиски што на крајот веќе нема да болат туку ќе ги чувствувате како дел од себеси, како ваше најсилно оружје со кое ќе се спротивставите на сите потешкотии во животот.

Само тогаш ќе можете да продолжите понатаму, кога ќе ги спознаете вашите слаби страни и веќе нема да гледате на нив како на нешто кое ве прави беспомошни. Туку како дел од вашето растење и претворање во подобра личност.

Прегледи:
480
Објавено на:
21.04.2020