Категории

Врнежи од дожд и снег, засилен ветер и заладување

Во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег, кои поради спуштање на многу студена воздушна маса од север ќе бидат проследени со засилен северен ветер.

Ова ќе предизвика значителен пад на температурата на воздухот и во попладневните и вечерните часови врнежите и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег. Ќе се формира снежна покривка, особено на планините, а во западните и крајните источни делови помала снежна покривка може да се формира во местата од околу 600 метри надворска височина, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во вторник времето ќе биде многу студено и ветровито со врнежи од снег со послаб интензитет и во пониските делови на земјава. Утринската температура ќе се движи од -4 до 2, а дневната од -2 до 3 степени. Потоа следува стабилно време со постепен пораст на температурата, но во среда и четврток изутрина ќе биде многу студено со температури од -9 до -3 степени./крај/со/бб

Извор : Макфакс

Прегледи:
393
Ознаки:
· ·
Објавено на:
28.11.2016