„WhatsApp“ го започна својот живот како апликација за допишување на паметните телефони, па така ја оствари најголемата популарност.
Меѓутоа, минатата година беше пуштена и интернет (веб) верзија која не донесе премногу ново, затоа што беше тесно поврзана за смартфоните. Сепак, наскоро работите би требало да се променат.
Имено, дека во „WhatsApp“ се работи на десктоп верзија сугерираат и фотографиите кои се појавија на интернет и се проширија многу бргу.
На нив можеше да се забележат делови со превод на текст од десктоп апликацијата на различни јазици. Ова нормално не е службен доказ дека десктоп верзијата ќе „заживее“, но сигурно е најава во кој правец се развива овој популарен сервис за допишување.