Категории

За душата на човек многу зборува начинот на кој ги проценува другите

Како ги гледаш другите, зборува повеќе за тебе отколку за нив.

Еднаш, еден селанец седнал на прагот на својот дом и уживај во свежиот ветрец. Покрај неговата куќа извиен пат водел до градот. Случаен минувач го забележал селанецот и помислил: „Ова мора да е некој мрзливец. Ништо не работи и по цел ден седи на прагот.“

Малку подоцна поминал друг човек и помислил: „Селанецот е вистински Дон Жуан. По цел ден седи и ги гледа девојките кои поминуваат и ги засмејува.“

Потоа поминал еден шумски работник и помислил: „Овој човек е доста посветен работник. Се трудел цел ден и сега се одмара со право.“

За селанецот кои седел на прагот, не знаеме ништо. Меѓутоа, можеме многу нешта да заклучиме за тројцата луѓе кои поминале: Првиот бил мрзелив, вториот не бил баш добар човек, додека третиот бил вреден работник.

Прегледи:
558
Објавено на:
10.03.2020