Категории

За меѓународниот ден на жената 8-ми март, ова е вистинското место за прослава

Осми март е меѓународен ден на жената и светски празник кој се слави секоја година. Тоа е денот кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Секоја жена заслужува да го прослави овој ден на соодветен начин, во друштво со најблиските, вкусна храна и со многу музика. За таа цел, овој 8-ми март, во „Центарот за свадби и настани, Аликас“, се организира специјална прослава која гарантира многу забава, во пријатна атмосфера со специјално мени.

 

Во „Центарот за свадби и настани Аликас“ за 8-ми март, со почеток во 20 часот имате можност да присуствувате на најдобрата забава за овој ден, со мени кое ги задоволува сите вкусови. Салати, главно јадење, десерт и неограничени пијалаци, а за прекрасната атмосфера ќе се погрижи група Маестро.

Со својата мултифункционалност и единствен изглед, Аликас е ресторан кој се наоѓа на 5 километри од центарот на градот во пријатна и тивка околина. Се протега на голема зелена површина, каде ресторанскиот дел изнесува 600 м2 и е со капацитет од 250 до 400 гости.

Аликас ги овозможува најдобрите услови за секоја пригода. Внатрешниот дел е прилагодлив за сите временски услови, а светлата, акустиката во просторот и декорациите создаваат одлична атмосфера и го претвораат ресторанот во совршено место за забава, проследено со вкусна храна од кујната на врвните мајстори.

Погрижете се и вие да бидете сведок на најубавата атмофера за 8-ми март и прославете го овој ден на вистински начин. Резервирајте место за одлична забава, креирање спомени и прекрасни мигови со најблиските во Аликас – вистинскиот избор за моменти кои траат вечно.