Категории

За неодоливо меки усни – Најдобрите домашни пилинзи

Меките и хидрирани усни се неопходна основа за совршена шминка и неодолив бакнеж.

Нема ништо понепријатно од испукани и рапави усни. Како прва помош секогаш може да ви послужи вашиот омилен балзам, меѓутоа кога неговиот ефект ќе престане, повторно сте на почетокот на „проблемот“. Доколку сакате да носите мат кармини, тогаш сигурно знаете колку е важна текстурата на усните и колку таа може да го уништи нивното нанесување.

Затоа на сцена стапуваат пилинзите со чија помош можеме лесно да се ослободиме од мртвите клетки и тие повторно да станат меки и нежни. Освен тоа пилинзите се начин природно да добиете волумен на усните, при што апликацијата на кармин и молив и сјај станува задоволителна.

Ви ги споделуваме едни од најдобрите домашни рецепти за пилинзи кои се проверено ефикасни:

#1 Лимонада пилинг
-маслиново масло
-кафеав шеќер
-сок од лимон

Кафеавиот шеќер содржи гликолна киселина која има благи хемиски својства и го поттикнува обновувањето на ќелиите.

#2 Меден пилинг
-маслиново масло
-мед
-шеќер
-цимет

Цинамалдехидот е природна состојка во симетот која е задолжена за неговиот мирис и вкус која ги испакнува усните и им дава привремен волумен

#3 Кафе пилинг
-кафе
-кокосово масло

Кофеинот од кафето ја поттикнува циркулацијата а со самото тоа ја истакнува бојата на усните. За да го зајакнете абразивниот ефект, додадете и шеќер во вашиот пилинг.

#4 Овошен пилинг
-шеќер
-кокосово масло
-јагоди

Со оглед на тоа дека овој летен пилинг содржи јагоди, важно е да напоменеме да го чувате во фрижидер.

#5 Чоколаден пилинг
-nesquik/ или како во прав
-шеќер
-маслиново масло
-мед

Овој пилинг е исто така одличен за во лето затоа што какаото содржи флавоноиди кои се природна заштита од УВ зрачењето.

#6 Хранлив пилинг
-зелен чај
-маслиново масло
-шеќер

Зелениот чај е одличен за целото тело,а можете да го употребите дури и за усните така што ќе ги хидрира, потхрани и смири.

#7 Пилинг од ружи
-листови од ружа
-кокосово масло
-шеќер

Исклучително важно е да користите ливчиња од ружа кои не се прскани со пестициди. Ако не сте во можност да знаете дали се проверени, најдобро е да купите готови сушени ливчиња од ружа кои имаат козметичка намена.

Прегледи:
772
Објавено на:
20.06.2020