Категории

За незаборавни мигови со колегите: Ова е најдоброто место за вашата предновогодишна корпоративна забава!

Новата година е веќе на прагот, а тоа значи дека е време за новогодишните корпоративни прослави. Корпоративните забави се одличен повод за компаниите да направат резиме на успехот, резултатите и достигнувањата во годината која заминува. 

Покрај тоа, овие забави треба се одлична можност да се зголеми врската меѓу вработениот и компанијата, да се зајакне неговото чувство на припадност, гордоста да се биде дел од тимот и неговата идентификација со корпоративните вредности.

За да се заокружи и прослави успешната година, покрај целокупната замисла и организација, просторот каде што ќе се одржува корпоративната забава е многу важен.


За таа цел, ви предложуваме место кое што ги задоволува и најразличните вкусови. Место каде што може да се забавувате, развеселите и да поминете прекрасни мигови со соработниците пред почетокот на новата година.

Хотел Континентал ви овозможува организација на предновогодишна забава со вашите колеги, со музика во живо, прекрасен амбиент и голем избор на менија прилагодени според вашите желби и потреби.


Хотел Континентал е местото каде што ќе го прославите успехот и среќата од минатата година, но уште поважно ќе добиете и внесете мотив и оптимизам за креативна, успешна и професионално исполнета нова година.

Професионалниот тим на Хотел Континентал ќе се погрижи да имате одличен настан!


Побарајте посебна понуда креирана само за вашите потреби. Повеќе информации на: 072 217 739.