Никогаш не знаеш кога тој еден мал зрак ќе се претвори во блескава светлина.
Секогаш кога ќе помислиш дека заостануваш назад, запомни колку далеку си стигнал.
Само помисли на времето пред една година и сонот кој го имаше и сметаше дека никогаш нема да стане вистина.
А сега размисли за денес, и погледни ги сите начини на кои си многу подалеку од местото на кое беше тогаш. Помисли на тоа колку е поинаква реалноста сега.
Помисли на тоа колку нешта се промениле на подобро, колку нешта кои тогаш посакуваше да ги имаш во твојот живот, сега се твои.
Секогаш кога ќе се разбудиш и ќе почувствуваш дека не можеш да станеш од креветот само помисли на нештата кои успеа да ги оствариш секогаш кога немаше сила да се разбудиш но и покрај се наоѓаше еден мал зрак надеж кој те туркаше напред.
Помисли и направи го тоа повторно. Никогаш не знаеш кога тој еден мал зрак ќе се претвори во блескава светлина.