Категории

За овој хороскопски знак 2022 година ќе биде најдобра: Еве кој ќе доживее голем успех!

Јупитер, планетата на среќата и благосостојбата, која моментално се наоѓа во Риби, ќе го промени знакот и ќе влезе во огнениот Овен, на 10. мај 2022 година и тука ќе се задржи сѐ до 28. октомври, кога повторно се враќа во Риби.

Иако станува збор за кратко влегување на Јупитер во Овен, ова ќе биде сосема доволно Овните да ја запомнат втората половина на 2022 година како една од најдобрите во последните 12 години.

Јупитер на Овните ќе им донесе среќа, успех и напредок во кариерата, но и поволни љубовни ситуации. Јупитер во било кој знак доаѓа како ангел чувар, кој нѐ штити од негативни влијанија и ги ублажува здравствените тегоби. Овните поради тоа ќе имаат релативно добро здравје, бидејќи Јупитер нема да дозволи да им се случи нешто лошо.

Доколку планирате да ја менувате работата, драги Овнови, втората половина од 2022 година ветува многу.

Освен на деловно поле, подобрување постои и на љубовно поле. Многу Овнови ќе се заљубат како никогаш досега, а некои од нив и ќе влезат во брак.

Доколку сте дама, бидете сигурни дека ќе имате додворувачи на сите страни, а доколку сте маж, ќе ги освоите сите жени со кои ќе се среќавате.

Уживајте во магијата на Јупитер бидејќи ова го чекавте 12 години. Јупитер во Овен ќе им донесе среќа и на Лавовите и Стрелците, а неговото позитивно дејство ќе го почувствуваат и Близнаците и Водолиите.

Прегледи:
604
Објавено на:
18.01.2022