Категории

За помалку од 1 година го променила начинот на пиење кафе и изгубила 29 килограми!

За време на бременоста Ели јадела по 3.000 калории дневно, признава дека уживала во големи, масни и слатки оброци. По породувањето сфатила дека е време да ги намали килограмите.

Во јануари 2017. ја започнала својата трансформација.

– Пред породувањето имав 56, а сега 60 килограми. Но, сега го сакам своето тело, убаво ми е, имам повеќе мускули и обликувана сум токму онака како што сакам, изјавила Ели.

Најпрво започнала да ги брои калориите. Тоа бил првиот чекор. Потоа заклучила дека важно и е да има голема порција за вечера, а денот го започнувала со скромен појадок. Ни ручекот не и бил премногу обилен.

– Најголемата револуција и промена во мојот режим беше тоа што ги укинав сите вкусови и додатоци во кафето. Порано пиев слатко кафе со млеко, со шлаг. Сега пијам само црно. Броев калории преку ден, а се радував на омилената вечера. Јас така успеав. Моите цели не беа нереални, само сакав да ја вратам тежината која ја имав некогаш, вели Ели.

Почнала и да вежба, но не премногу. Не одела во теретана секој ден, но посветено работела на себе.

– Најмногу правев обични чучњеви, скокови и слично. Мојот тренинг траеше половина час, вежбав три пати неделно. Резултатите беа одлични, немав вишок кожа и се си се врати на свое место, вели таа.

Ели вели дека во текот на трансформацијата се прифатила себеси на вистинкиот начин, и тоа за неа било терапевтско искуство и патување кое ја направило посилна.

Прегледи:
453
Објавено на:
08.06.2018