Категории

ЗА РАДОСТА ВО ДУХОВНИОТ ЖИВОТ од старец Емилијан Симонопетриски †

Eден од возобновителите на светогорското општежително монаштво во 20-от и почетокот на 21-век старец Емилијан Симонопетриски – ЗА РАДОСТА ВО ДУХОВНИОТ ЖИВОТ.

,,Кога си загрижен, кога си тажен, кога си болен, кога си огорчен, во душата своја создаваш болна состојба и никогаш нема да ја доживееш божествената љубов. Постојано ќе бидеш едно тажно создание. Ќе живееш состојба која засекогаш ќе биде поинаква од состојбата на духовниот човек.

Единственото нешто што може да докаже дека припаѓаме на монашкиот ред е радоста неискажлива. Радоста е обележје на монахот и тој само преку радост „со солзите и болката може да го разгори божествениот оган“, вели Света Синклитикија. Само кога имаш „радост неискажлива“, можеш да го трогнеш срцето свое и со „солзи и болка“ да направиш во него да се разгори божествениот оган на љубовта Божја.

Радоста е нешто ретко, но тоа не значи дека таа е и нешто големо: таа е природна, како што е и природно човекот да гледа. Некој кој е слеп може да каже: „О! Ти гледаш?“ Така, кога некој е радосен, останатите се чудат и го прашуваат: „Радосен си?“ – зашто, одрекувајќи се од Бога во својот секојдневен живот, сме се навикнале на тага, лага, грев, на темната потсвест на човечкото суштество. Според тоа, радоста не е нешто ново. Таа е еден елемент кој нам ни помага во духовниот живот.”

Старец Емилијан Симонопетриски.  

Прегледи:
714
Објавено на:
16.09.2020