Категории

За ретките диви и слободни жени: Вие сте создадени за повеќе од само просечност

Немојте да прифаќате ништо помалку од она што ќе ве направи да се почувствувате живи.

Ова е за одлучните, издржливи и силни божици кои ја бараат вистината и кои не се плашат да ги извалкаат сопствените раце.
За оние храбри дами кои сакаат да ја чувствуваат сировата земја под своите боси нозе, креативните и темпераментни жени кои внесуваат сонце и во најврнежливиот и најмрачен ден со својата позитива и страст.

За мудрите жени кои секогаш, повторно и повторно избрираат да го следат само своето срце. Вие ја заслужувате сета почит на овој свет.
Вие сте комплицирани и моќни, волшебни и возбудливи – предодредени за многу многу повеќе.

Вие знаете дека никогаш нема да се задоволите со нешто малку, со нешто просечно. Нема да бидете среќни во бела кујна со цветен чаршав со пунџа на главата и внимателно нанесен кармин кој ја маскира лажната насмевка, играјќи улога на совршена сопруга или совршена девојка или совршена мајка.
Вашето срце би се угушило, а вашата душа би врескала.
Вие знаете дека никогаш нема да бидете среќни во канцеларија работејќи од 9 до 5, гледајќи во часовникот како отчукува, без да имате можност да вдишете свеж воздух. Знаете дека нема никогаш да бидете среќни пиејќи скап шампањ додека разговарате за високата мода и начините на слабеење. Никогаш нема да бидете среќни додека разменувате рецепти за вечери и теми како што „како да го освоиш мажот“
Всушност, вас не ви е грижа за ништо од тоа!

Вие живеете за магија, за реалност, за вистина, за борба, за болка, за мир.
Сакате да го искусите овој свет на сите можни начини. Вие никогаш нема да можете да ги сместите своите диви крилја во пластична кутија како и останатите.

Вас ви е судено да се соедините со месечината, да плачете со дождот, да се разделувате со плимата и осеката и да сјаете под секое парче зрак од сонцето.
Предодредени сте за танцување по преполни улици во ритамот на музиката која зборува за болката на светот, со љубов во срцата додека марамите се веат во вашите дланки.
Вашите соништа и илузии се секогаш на прво место.

Вие не сте тука за да се занимавате со мали и безначајни нешта, да бидете пристојни, љубезни, да ги задоволувате сите изгледајќи како пластични барбики со безживотни срца.
Вие сте тука да ги проживувате застрашувачките длабочини кои ги крие душата.
Вие сте предодредени за многу повеќе. Не дозволувајте да ви ги скратат крилјата. Не досволувајте вашиот дух да овене помеѓу ѕидовите на просечноста. Не дозволувајте вашата судбина да спие мртва.
Немојте да живеете живот кој мислите дека „треба“.
Заборавете на зборот „треба“.

Одете сега, пронајдете се себеси, своите дарби. Поделете ја магијата со светот.
Немојте да живеете полу-живот.
Немојте да прифаќате нешто што е „доволно добро“.
Немојте да прифаќате нешто што не е „извонредно“.
Немојте да прифаќате ништо помалку од она што ќе ве направи да се почувствувате живи.

 

 

Прегледи:
850
Објавено на:
29.01.2020