На Скорпиите не им е важен изгледот – важно да сте забавни, а за Девиците ќе мора добро да се потрудите…
Бик, Девица, Јарец – Земјените знаци
Земјените знаци тешко се опуштаат и не влегуваат во сексуални односи туку така. Прво мора да се врзат со некој, особено jарецот, за да се опуштат во кревет. Девиците инсистираат на интелектуално поклопување, на нив изгледот на партнерот им е најмалку важен. Земјените знакови не се прилагодливи, тешко е да ги заинтересирате, а ретко влегуваат во авантура.
Совет: Поправете им го расположението со некој убав гест. Затоа потрудете се да им биде пријатно и не ги разубавувајте работите бидејќи овие знаци ја сакаат реалноста. Приорода, планина и вкусна храна се нивните афродизијаци.
Овен, Лав, Стрелец – Огнени знаци
За огнените знаци сексот е всушност игра. Овие знаци не сакаат кога им е здодевно, не сакаат лаги и нејасни ситуации. Ставете ги картите на маса и ќе доживеете страст која се памети. Секс на отворено, во природа, на било кое необично место, ќе ги ослободи нивните страсти. Меѓу овие знаци ќе најдете многу егзибиционисти.
Совет: Не ги оптоварувајте со неважни работи и не ја гушете нивната индивидуалност, бидејќи оганот не може да се контролира. „Не гасете ја“ нивната природа. Слободата за нив е синоним за сексуалност.
Близнаци, Вага, Водолија – Воздушни знаци
Заинтегрирајте го нивниот ум, остварете некоја нивна фантазија. Немојте да им бидете здодевни, помалку зборови – повеќе дела. Сакаат да зборуваат за секс, сакаат секс преку телефон и еротски пораки.
Совет: Воздушните знаци лесно е да ги заинтересирате, но тешко е и да ги задржите. Следете ги нивните желби и настојувајте да не сте љубоморни бидејќи тоа ги одвраќа. Тие можат да ја остварат секоја сексуална фантазија, за нив нема препрека кога сексот е во прашање.
Рак, Скорпија, Риби – Водени знаци
Водените знаци имаат бујна фантазија. Тие го сакаат сексот и ништо не им е необично ни забрането. Доколку им се допаѓате како личност, нема многу внимание да му посветат на вашиот изглед. Но, морате да им бидете интересни.
Совет: Музика, топло чоколадо, добар филм, квалитетно вино, се афродизијаци на кои неможат да им одолеат.