Категории

За сите млади модни дизајнери – прилика која не смее да се испушти!

Со цел да се даде поддршка на младите модни дизајнери и да се збогати уметничката позадина на нашата заедница, на настанот Fashion & Lifestyle Expo 2019 за прв пат ќе се организира натпревар за млади модни дизајнери.

Натпреварот е отворен за сите модни дизајнери на возраст од 18 до 30 години кои се или пак биле студенти на било кој факултет/академија/институт или организација/тренинг центар каде се изучува модниот дизајн. Аплицирањето е бесплатно.

Бидејќи веруваме во квалитетот на младите и перспективни, домашни модни дизајнери – им задаваме едноставен моден предизвик, а најдобрите 10 ќе добијат прилика:

Својот дизајн да го изложат во фоајето на Македонската Опера и Балет, во склоп на настанот Fashion & Lifestyle Expo;
Да го претстават својот дизајн на ексклузивна модна ревија на пред-отворањето на настанот, додека,
Најдобрите тројца ќе освојат и вредни парични награди и тоа: парична награда од 1.000 ЕУР за првонаградениот, и парични награди од по 500 ЕУР за второ и трето наградениот дизајн!

Апликациите се отворени од денес, 29.01.2019 а траат до 11.02.2019. Прочитајте повеќе на следните линкови:
Повеќе за натпреварот КЛИК ОВДЕ
Начин на аплицирање КЛИК ОВДЕ
Фонд на награди КЛИК ОВДЕ
Рокови КЛИК ОВДЕ
Селекција и бодување КЛИК ОВДЕ
Стручно жири КЛИК ОВДЕ

Натпреварот е спонзориран од Korea Auto Trade а организиран во соработка со Моментум Инк.

Прегледи:
531
Објавено на:
29.01.2019