Емоционалната стабилност, упорност, контрола, оптимизам и совесност- ова се важните животни вештини кои можат да ви овозможат среќен и здрав живот- ова е заклучок на научниците од Велика Британија како резултат на едно истражување.
Во истражувањето учествувале повеќе од 8.000 луѓе, на возраст од 52 години и повеќе. Испитувана е врската помеѓу наведените животни вештини и подобро здравје, отпорноста на хронични болести, помалку депресија, помала социјална изолација и поголема финансиска стабилност.
Не може да се каже која од наведените особини е најважна, но нивното заедничко влијание на нашиот живот и здравје дава позитивни ефекти.