Категории

За својот роденден ја промовираше новата колекција на костими за капење

Моделот Ешли Грахам својот 30 роденден одлучи да го прослави со нејзините седум најблиски пријатели во приватна вила во Коста Рика, каде се фотографираа за новата колекција на костими за капење.

Нејзината прва колекција за костими за капење “Swimsuits For All” оствари голем успех, а сега и со новата колекција испрати моќна порака до жените дека конфекцискиот број на е пресуден за одличен изглед на плажа.

Новата колекција “Essentials” вклучува различни костими за капење за сите жени. Како што и самата изјави, Грахам сакаше да направи костими за капење, во кои сите жени ќе се чувствуваат сигурно и секси.

Прегледи:
542
Објавено на:
01.11.2017