Категории

За ведри летни утра – нови вкусови на Nestlé житарките без глутен

За потрошувачите во Македонија, а посебно за оние чувствителните на глутен, овозможен е разновиден избор на безглутенски производи – Corn Flakes со вкус на чоколадо и Corn Flakes со мед и кикиритки

 

Скопје, 23 јуни 2016 – Компанијата Nestlé ја прошири понудата на производи без глутен со новите вкусни житарки за појадок – Nestlé Corn Flakes со вкус на чоколадо и Nestlé Corn Flakes со мед и кикиритки, како би одговорила на потребите на сѐ поголемиот број на луѓе кои  страдаат од целијачна болест, алергии на пченица или од некоја форма на нетолеранција на глутен.

Исхраната што не го вклучува овој протеин за некои стана стил на живеење, а за другите пак неопходност. Како основен проблем, заболените го наведуваат тешкото пронаоѓање на овие производи, кои истовремено би биле вкусни и хранливи и кои би имале пристапни цени. Доколку се земе предвид и фактот дека и многу мали количества на глутен може да го загрозат здравјето, неопходно е да се обезбедат посебни услови за производство на безглутенски производи.

Сите Nestlé aртикли без глутен, вклучувајќи ги и безглутенските житарки, имаат сертификат од Европската асоцијација на здруженијата на заболени од целијачна болест, како и препознатлив знак, прецртано зрно од пченица, на пакувањето. Исто така, новите Corn Flakes вкусови збогатени се и со витамини.

За да се уверите во добриот вкус и во хранливоста на Nestlé житарките без глутен, ви предлагаме креативни безглутенски рецепти кои ќе придонесат кон уживањето во вашиот нов омилен вкус:


Колачиња со Corn Flakes и со кокос без глутен

Состојки:

  • 2 белки
  • 125g шеќер во зрно
  • 5ml (1 лажиче) ванила без глутен
  • 750g Nestlé Corn Flakes житарки
  • 250g кокос
  • 125g чоколадо за готвење

Загрејте ја рерната на 150°C. Направете две подлоги за колачиња од хартијата за печење. Во сад со средни димензии, разматете ги белките сѐ додека не се создаде пена. Постепено додадете го шеќерот, 15ml (1 лажичка) и матете сѐ додека не се стврдне смесата. Додадете ванила, житарки и кокос. Смесата распоредете ја на хартијата за печење во форма на колачиња, на растојание од 5 cm едно од друго. Печете ги 15 дo 18 минути, сѐ додека колачињата благо не се заруменат. Кога ќе се изладат, прелејте ги со растопеното чоколадо и послужете ги.

Печено овошје со крцкав прелив без глутен

Состојки:

  • 4 свежи манга со средна големина исечете ги на парчиња со големина од5cm
  • 500g jaгоди
  • 45g (3 лажички) кафеав шеќер
  • 30ml (2 лажички) сок од портокал
  • 5g (1 лажичка) мелен цимет
  • 500g Nestlé Corn Flakes житарки
  • 75g исецкани бадеми или ореви

Наредете ги парчињата од манго и јагодите во сад за печење, чие дно претходно ќе го намачкате со масло или со путер. Во чинија измешајте ги кафеавиот шеќер, сокот од портокал и циметот. Прелијте ги преку овошјето. Печете 20 минути на 190°C. Посипете ги преку овошјето Nestlé CORN FLAKES без глутен и орасите. Печете уште 10 минути додека не се зарумени коричката, а овошјето да стане меко на допир со вилушка. Пријатно!

Прегледи:
797
Објавено на:
23.06.2016