Фотографка поминала 117 часа на екстремно ниски температури за да улови интересен момент.
Дејзи Џилјардини имала мисија да го фотографира првото излегување на семејство поларни мечки од нивното дувло на лов за храна, кога едно од мечињата одлучило дека е подобро да се прикачи за мајка си одошто да оди низ длабокиот снег.
Имено, новородените поларни мечиња поминуваат 3-4 месеци во дувло пред да излезат на снег за првпат. Тоа најчесто се случува во средината на февруари.
„Екстремно е тешко и ретко да бидете сведок на моментот кога мечките излегуваат од своите дувла, затоа што треба да се подложите на екстремно тешки услови“ – рекла Дејзи.
За професионалната фотографка од Канада особено бил интересен моментот кога малото мече се прикачило за мајката мечка, затоа што тоа било невообичаено однесување за овој вид животни.
„Тоа беше неверојатно смешно и неочекувано однесување“ – изјавила таа.
Настанот се случил во Национален парк во Манитоба, Канада.