Категории

Заблескајте за новогодишните празници: Совршени идеи за беспрекорна шминка!

Се ближат новогодишните празници, период од годината кога сите се трудиме да заблескаме во голем стил, со надеж дека следната година ќе биде еднакво блескава како и ние при влегувањето во неа.

Не сакајќи да се пропушти ништо на случајноста, поголемиот дел ќе внимаваат до најситните детали кога станува збор за подготовите за дочекот на Новата година и новогодишните празници. Фустаните поголем дел од жените веќе ги имаат пронајдено на предновогодишните намалувања, а на ред се шминката и фризурата.

Како ќе се подготвите за најголемата забава во годината и дали ќе ја испратите старата година со стил, зависи од вас, но ако планирате да ги мамите погледите на присутните и да добивате комплименти од сите страни, вреди внимателно да изберете кој ќе се погрижи за вашиот изглед во овие празнични денови.

Стручниот тим на La Sensa студиото за убавина, ќе се погрижи да заблескате и да го добиете гламурозниот изглед кој отсекогаш сте го посакувале. Следејќи ги најновите светски трендови, доколку немате идеја, тие ќе се погрижат да го пронајдат оној изглед кој најмногу ви прилега, да заблескате во полн сјај. Во продолжение ви даваме неколку идеи како да изгледа вашата шминка и фризура кои може да ги добиете и вие во La Sensa студиото за убавина.

1. Заводливи усни и бујна коса

Доколку сакате акцентот да биде на вашите усни, во La Sensa ќе се погрижат да добиете квалитетна шминка и квалитетен црвен кармин кој ќе остане целата вечер на вашите усни. Во овој случај, очите ќе бидат во втор план со умерена шминка и нагласени трепки.

2. Залижана фризура и златен сјај

Доколку не сакате силни кармини, тогаш секогаш може да изберете нежни тонови, нагласувајќи ги очите со сенка во златен сјај и контурирано сјајно лице, во комбинација со залижана коса која ќе ја нагласи вашата шминка.

3. Високо репче и розова шминка

Тимот на La Sensa ќе се погрижи да изгледате како вистинска филмска дива, комбинирајќи кармин и сенки во розови нијанси со одлично контурирано лице. Репчето врзано во горниот дел од главата дополнително ќе ги закоси вашите очи и ќе ви овозможи уреден изглед на косата преку целата ноќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝗦𝘁𝘂𝗱𝗶𝗼 𝗟𝗮 𝗦𝗲𝗻𝘀𝗮 (@lasensa.studio) on


Декември е месецот на новогодишната еуфорија, погрижете се да ја започнете новата година со нови предизвици, цели и совршен изглед. Закажете го својот термин во La Sensa студиото за убавина и заблескајте во полн сјај.

 

View this post on Instagram

 

Sometimes your hair looks too good to stay home 👗👑🕶

A post shared by 𝗦𝘁𝘂𝗱𝗶𝗼 𝗟𝗮 𝗦𝗲𝗻𝘀𝗮 (@lasensa.studio) on