Категории

Заборавете на хороскопскиот знак и дознајте што ви открива подзнакот за вашата сексуалност

Лав

Лавовите најмногу уживаат во сексот со личности за кои се сигурни дека ги обожаваат. Вие како Лав имате вродена потреба за останатите да ви се восхитуваат и во сексот правите сè со цел да предизвикате восхит кај партнерот со вашите сексуални потенцијали и вештини. Кога тој/таа ви ласка и ви се восхитува, лесно ќе го достигнете врвот на сексуалното задоволство. Вашите очекувања во сексот се големи, но подготвени сте на она што ќе го добиете да возвратите со уште поголема мера. Изгледот ви е важен, па најчесто се одлучувате за партнери кои се атрактивни и кои го привлекуваат вниманието на околината.

Сакате огледала во спалната соба, но и видео камера. Сексот го доживувате како претстава, по чие завршување очекувате громогласен аплауз.

Девица

Вие и во сексот барате совршенство. Поради тоа постојано имате чувство дека не сте доволно добри, па потребно е партнерот да ве увери дека сè е во најдобар ред, бидејќи вие самите себеси сте си најстрог критичар. Кон партнерот исто така сте доста критични, па не е ниту малку лесно да ве задоволи, но затоа пак сте великодушни и непрекинато му давате шанси да успее во тоа. Од перверзија предвид доаѓа само малку мазохизам, а на жените во овој знак не им се непознати ниту хомосексуалните искуства. Во сексот преферираат дискретност и не сакаат многу експериментирања и изненадувања.

Се обидуваат да го задоволат партнерот, бидејќи само тогаш може да се помират со својата потреба да бидат совршени. Иницијативата за сексуален однос најчесто ја презема вашиот партнер. Во креветот сте подобар следбеник отколку водач. Несмасни сте во искажувањето на вашите чувства, но тие секогаш се подлабоки од она што го искажувате. Од друга страна пак, премногу сте реалистични за да ве импресионира нечие ласкање.

Вага

На Вагите сексот им е средство за добивање љубов и разбирање. Многу сте романтични и повеќе сте заљубени во љубовта, отколку во својот партнер. Посакувате тој/таа да ве обожава и да ви ласка, дури и кога знаете дека тоа е само начин за да ве одведе во кревет. За вас сексот е дел од вечерта и значајна игра која се нарекува флерт и освојување. Поради тоа партнерот нема приоритет во вашите односи со другите личности, особено ако рутинскиот секс ве депримира и неповолно влијае на вашите емоции кон него/неа.

Честопати сте спремни на промискуитетно однесување, без особена причина. Исто така, избегнувате да ги повредите другите, па и тоа може да биде причина за слабата самоконтрола кога станува збор за сексуалните желби на другите личности. Во текот на сексот барате дисциплина, поточно максимално се прилагодувате на желбите на вашиот партнер. Дури водите повеќе сметка за него/неа отколку за задоволувањето на сопствените сексуални желби.

Скорпија

Вие претерувате со сексот и во сексот. Вие сте личност со доста силни сексуални можности. Целата ваша појава извикува секс, но вие сте во состојба да одржувате самоконтрола со што повеќе го привлекувате спротивниот пол. Вашата желба за уживање во сексот е доста силна. Поради неа сте во состојба да достигнете големи висини, но и да паднете во бездна. Вие го сфаќате сексот многу сериозно (како и сите останати работи) и затоа не сте заинтересирани за еднократен секс и минливи врски. Редовниот секс е задолжителен.

Во текот на сексот потполно ја преземате контролата. Она што се случува во креветот не се случува само на физички, туку и на ментален план. Вие сте доста сексуално издржливи и сте во состојба целосно, физички и психички, да го исцрпите вашиот партнер. Честопати на него или неа оставате знаци од вашата неконтролирана страст. Тоа не го правите свесно, туку толку многу се занесувате во сексуалната игра што не сте во состојба да го контролирате вишокот енергија.

Продолжува на страна:  1 2 3

1 2 3

Прегледи:
947
Објавено на:
30.12.2016