Стрелец
За вас сексот, пред сè, е забава. Понекогаш тие возбудувања се поважни и од самиот сексуален чин. Во сето тоа сте опуштени и безгрижни. Самиот секс е спонтан и вие знаете да уживате во него. Многу сте издржливи и тоа го барате и од вашиот партнер. Со еден збор, за вас сексот е нормално продолжување на дружењето со личноста за која се грижите. Бидејќи на сексот гледате како на нешто забавно и не го сфаќате сериозно како другите луѓе, понекогаш сте склони и на промискуитетно однесување.
Сепак, пред и во текот на самиот сексуален однос, сакате да се договарате со партнерот што ќе правите за возбудувањето и уживањето да го достигнат својот максимум. Важно ви е да знаете дека и вашиот партнер е задоволен од сексот, па затоа сте подготвени да испробате различни пози за сексот постојано да биде подобар и повозбудлив. Сексуалниот однос за вас е авантура и честопати сакате да водите љубов во необични околности, во природа, на некои непознати места…
Јарец
За вашата сексуалност постои најголема заблуда. Јарецот често се смета за еден од најмалку сексуалните знаци. Причината за таквото мислење лежи во фактот дека вие сте внимателна личност и во ништо не избрзувате, па дури ниту во сексот. На вас многу ви е важно најпрво добро да го запознаете партнерот пред да станете интимни. Кога ќе се случи тоа, вие лесно станувате сексуално незаситена личност. Штом започне сексуалната игра, вие сте доста директни и немате кочници. Инсистирате на потполно задоволство и помалку сте себични. Најмногу сакате едноставен секс, но не ви се непознати ниту необичните желби. Тука пред сè треба да се наведат садизмот и хомосексуалноста.
Исто така, имате контрола над вашиот целокупен сексуален живот и во него нема изненадувања и непредвидливи работи. И во сексот ги разгледувате односите на подолг рок и пополека партнерот го подготвувате и воведувате на терен на кој вас најдобро ви одговара.
Водолија
Вие сте неконвенционални и непредвидливи во сексот. Ви недостасува чувството за вистинска мера на работите, па не успевате да одредите кога е вистинскиот момент да запрете. Сепак, пред сè вие сте пријателска појава и не сте посесивни во својата сексуалност. Предиграта не ви е неопходна и повеќе сакате веднаш да преминете на конкретната работа.
За вас се прифатливи нестандардните сексуални однесувања, но не и оние кои вклучуваат насилство. Вашата хумана природа не ви допушта поради вашето задоволство да му нанесувате какви било физички или психички повреди на партнерот. Не ви е непознат групниот секс, а уживате и во војаерство. Исто така, обожавате секс на необични места.
Риби
Ако сте родени во подзнакот Риби, тогаш вие во сексот сте токму такви какви што ве направил вашиот партнер. Со вашиот целокупен живот, а особено со сексот, управуваат емоциите. Преполни сте со емоции и постојано барате прилика за да ги искажете. Во сексот фантазирате, чувствувате и жеднеете за возбуда и сензуалност. Затоа на вас најмногу ви одговараат партнери кои се исклучително слободни во сексот.
Во состојба сте да го следите вашиот партнер, па дури ќе се обидете и вашата издржливост да ја усогласите со неговата. Вашата основна цел е партнерот да биде задоволен и подготвени сте да глумите за да го постигнете тоа, секако, доколку е потребно. Поради вашата преголема чувствителност и мирољубивост, верноста не ви е најсилна страна. Релативно доцна сексуално созревате, но успевате да го надополните пропуштеното. Вие сте личност на која сексот ѝ помага да се чувствува подобро.