Истакнувањето на веѓите моментално можеби е еден од најголемите трендови за разубавување. Меѓутоа, стручњаците добро знаат зошто е важно да се откажете од совршенството.
Познато е дека веѓите се најголем украс на лицето и поради тоа жените (а во последно време и мажите) посветуваат многу време на нивното средување. Козметичарите во шега секогаш велат дека веѓите треба да бидат сестри, но не можат да бидат близначки. Повеќето жени сепак би сакале да поседуваат потполно идентични веѓи и поради тоа се трудат правилно да ги искубат или исцртаат.
Меѓутоа, науката докажала дека дури ни со врвно обликување, веѓите едноставно не можат да бидат исти и не можеме да постигнеме совршена симетрија колку и да се трудиме.
Имено, секоја веѓа ја движи различен мускул, па од тоа зависи и нејзиното позиционирање и изглед во споредба со другата веѓа. Понекогаш се случува мускулите на едната страна на лицето да бидат послаби бидејќи почесто спиеме на таа страна, а веѓата на таа страна ја дигаме помалку од онаа на спротивната. Најчесто сепак тоа е резултат на начинот на кој лицето природно создава изрази.
Со правилно кубење на веѓите и нивно одржување ќе постигнете склад на лицето, но сепак дајте и малку одмор на својата пинцета. Затоа, не се замарајте со недостижната симетрија, бидејќи токму малите несовршенства се она што му дава карактер на нашиот физички изглед и не прави единствени и привлечни на специфичен начин.