Категории

Заборавете на целосниот „мат“ изглед

До неодамна насекаде самоуверено царуваше целосниот „мат“ изглед а оваа пролет се случи неочекуван пресврт помеѓу makeup трендовите. Светските визажисти најавија нов тренд во шминкањето кој вклучува свеж, блескав и природен изглед. Актуелниот no makeup-makeup начин на шминкање стана вртоглаво популарен што почнаа да го практикуваат и најценетите модни куќи за време на нивните ревии. Изминатиот моден месец, на пистите во светските модни метрополи можеше да се види се, само не нападна шминка..
Новиот тренд вклучува истакнување на природниот сјај на кожата без употреба на матирачки продукти, исто така вклучува и употреба на сјајни сенки за очи кои наликуваат како продуктите кои за усни..

Прегледи:
337
Објавено на:
04.04.2017