Категории

Запишано од големите филозофи на Индија – 9 упатства за живот

Овие правила или упатства за живот се стари повеќе од илјада години, правилата се релевантни и универзални; тие вределе во минатото, вредат денес, а ќе вредат засекогаш.


1.Со живот го добиваш и телото како подарок

Сакале или не, вашето тело ќе ви служи и ќе ви припаѓа цел живот, затоа треба да го прифатите. Важно е она што е внатре, а не она што го гледате.

2.Ќе добивате и лекции

Животот е постојано учење, а секој нов ден имаме можности да научиме нешто повеќе. Овие лекции се наменети само за вас.

3.Не постојат грешки – само лекции

Вашиот развој е процес на експериментирање, обиди и грешки, затоа е неизбежно работите да се менуваат, а исходот да не биде секогаш тоа што го сакате. Етичкото однесување и зачувување на личниот интегритет и хумор, особено способноста да се насмеете на разните животни ситуации, се основата на ставот дека “грешките” се едноставно лекции кои треба да ги научиме.

4.Лекциите се учат додека не се научат

Лекциите се повторуваат додека не се научат. Она што е претставено како проблем или предизвик и фрустрација претставува повторувачка лекција, која ќе се повторува се додека не ја разберете и научите.

5.Учењето никогаш не престанува

Додека сте живи, постојат лекции кои треба да ги научите. Започнете со процесот на постојаното учење и промена, бидете свесни за сопствените слабости и бидете доволно флексибилни за да се прилагодите на нешто различно.

6.”Таму” не е подобро од “тука”

Бидете благодарни и уживајте во тоа што го имате. Ценете го изобилството на она што е добро во вашиот живот.

7.Другите луѓе се само твое сопствено огледало

Ги сакаме или ги мразиме работите кои ги препознаваме на другите луѓе како наши сопствени доблести или слабости. Бидете толерантни, прифаќајте ги другите луѓе и стремете се кон самопознавањето.

8.Она што ќе го направите во животот зависи само од вас

Ги поседувате сите алатки и ресурси кои ви се потребни. Она што ќе го направите со нив е ваша одлука. Првземете одговорност за вашиот живот.

9.Одговорот на сите ваши прашања е во вас

Верувајте им на вашите инстинкти и внатрешните чувства. Гледајте, слушајте и имајте доверба. Извелкувајте корист за себе од својата природна инспирација.

Прегледи:
584
Објавено на:
19.12.2018