Категории

Започна месецот на Шкорпиите: Еве што треба да знаете за нив

Шкорпијата е воден знак и живее за да искуси и покаже емоции. Иако емоциите се многу важни за Шкорпијата, тие ги покажуваат поинаку од другите водени знаци. Во секој случај, можете да бидете сигурни дека Шкорпијата ќе ги чува вашите тајни, без разлика за што станува збор.

Позитивни страни: Храбри, страствени, тврдоглави и вистински пријатели.

Слабости: Не им веруваат на луѓето, љубоморни, таинствени, насилни.

Шкорпиите сакаат: Вистина, факти, да бидат во право, долгогодишни пријателства, задевање, силна страст.

Шкорпиите не сакаат: Неискреност, откривање тајни, пасивни луѓе.

Шкорпиите се страсни и наметливи луѓе. Тие се решителни и одлучувачни и ќе истражуваат сѐ додека не ја дознаат вистината. Шкорпија е одличен лидер, секогаш свесен за моменталната ситуацијата, нудејќи трајни решенија за секој настанат проблем.