Категории

ЗАПОЧНА РЕТРОГРАДНИОТ САТУРН: Ќе трае до есен и носи важни животни лекции кои морате да ги научите

Се појави ретрограден Сатурн, а во продолжение ќе дознаете на што треба да внимавате во наредниот период!

Исто како што се радувавме на крајот на ретроградниот Меркур, пристигна и ретроградниот Сатурн. Штотуку започна, а веќе научивме дека никогаш не треба да славиме однапред.

Неговото владеење започна на 5 јуни, а ќе трае до доцна есен, на 23 октомври. На самиот почеток, астролозите ве советуваат да не избрзувате со одлуките во овој период, туку се да размислите добро.

Добрата вест е што постепено ќе слабее, до полната месечина – 14 јуни. Многу е важно дотогаш да пристапите на се со целосна сериозност и трудољубивост! Сатурн е планета на ред и дисциплина, па не заборавајте дека секое избрзување и избрзани потези нема да донесат ништо добро.

Ништо нема да можете да направите „преку ноќ“, бидејќи резултатот ќе биде незадоволителен и ќе бара дополнителна работа и труд. Освен тоа, ваквите одлуки можат негативно да влијаат на вашата репутација, што на многумина нема да им се допадне.

Во овој период актуелна е и темата за материјалните долгови. Време е да им вратиме и да ги исполниме ветувањата.

“Чувството на вина во овој момент може да биде дури и незначително. Можеби е малку оптоварено размислување, склоно кон мрак и драматургија. Не треба да си дозволувате да влегувате во такви ситуации, туку да бидете максимално фокусирани на работата”, вели астрологот Светлана Медведева.

Ретроградниот Сатурн ќе им користи на луѓето кои спортуваат, а не е лош период за сите оние кои се образуваат, учат, посетуваат курсеви.

За луѓето родени во водени и огнени знаци, астрологијата им дава можност да го променат својот живот на подобро. Тие се стремат кон промени, а ова е идеален период тоа да се случи.

Прегледи:
307
Објавено на:
07.06.2022