Категории

Започнува сезоната на Раковите – Со што се одликува овој хороскопски знак?

Сè што треба да знаете за луѓето родени во знакот на Рак

Големата чувствителност е секако една од најважните особини на луѓето кои се припадници на овој хороскопски знак, затоа ако забележите некој кој бурно реагира и на најмали ситници, се растажува без причина, сигурно си имате работа со Рак кој се повлекува во својата куќарка на пренагласени емоции. А се со цел да ве запече совеста затоа што сте биле групи, невнимателнни, нетактични и преагресивни за нивен вкус.

Раковите се нежни битија со кои често пати треба да комуницирате „преку нараквици“ за да не ги повредите или растажите. Раковите, поради својата нагласена сензибилност, на се реагираат покажувајќи цела лепеза од емоции кои другите луѓе ги потиснуваат или на крајот на краиштата воопшто не ги поседуваат до таа мерка.

Знакот Рак има кардинална природа и е воден елемент па е во допир со светот исклучително преку емоциите, понекогаш е нетрпелив, а некои ќе речат дека е дури и помалку напорен, склон кон драматичност за ситници и поседување на имагинарни стравови.
Раковите поседуваат кревка внатрешност па поради тоа често пати се сокриваат во својата безбедноста куќичка на своите чувства, па ако треба цврсто со своите клешти ќе се држат за она кое го чувствуваат за свое и некој посакува бесправно да им го одземе.

Тие имаат силна потреба за заштита на оние кои им се драги и ги сакаат што од друга страна може да се смета за контрола, а кога некој би им се спротивставил можат длабоко да се навредат.
Тие ја доживуваат љубовта на еден конкретен и доста опиплив начин, полн со размена на нежност и емоции по пат на зборови а најмногу по пат на допири. Тие често пати се доста несигурни во туѓите чувства па се случува многу често да бараат уверување и сигурност дека вистински се наоѓаат во центарот на нечиј емоционален свет.

Раковите се доста грижливи родители и пријатели. Нагласената потреба да си заштитат оние кои ги сакаат ги тера да одат во екстремности со цел да се докажат себеси за верни пријатели.
Помагањето е длабок емоционален израз на нивното битие. Тие секогаш ќе ви бидат при рака кога и да ви затребаат, горди се на средината во која припаѓаат и се доста приврзани за своите корени.

Луѓето родени во знакот на Рак имаат добра меморија, имаат способност да забележуваат и помнат ситници кои на голем дел од луѓето им се незабележливи. Тие се меланхолични и сонувачи кои понекогаш умеат и да манипулираат со вашите емоции, но само ако им ја возвратите љубовта ќе ве опсипаат со сигурност и внимание.
На Раковите домот им претставува место каде секогаш се враќаат.

Тие исто така поседуваат исклучителна интуитивност на потсвесно ниво, речиси секогаш можат да почувствуваат што се случува во нивната околина. Ја упиваат секоја промена во однесувањето и се во состојба да го почувствуваат емоционалното треперење на другите особи. Можат да ви возвратат со студено однесување доколку не им обрнете доволно внимание. Од друга страна тие секогаш можат да ви ги понудат најдобрите и најкорисните совети и се секогаш искрени во пресудувањето и решавањето на проблемите.

Прегледи:
862
Објавено на:
22.06.2020