Категории

Запознајте го 37-годишниот Норвежанец кој ги посетил сите 198 држави во светот

 8-drzhavi-vo-svetot

Кариби

„Рај. Без многу луксуз, со фантастични морски плодови. На Карибите гостопримството на локалното население е на високо ниво“.

Нов Зеланд

„Уживајте во белите, црни и златни плажи, во кој и да ви текне спорт на вода, бидејќи тука ги има сите, но и во многу други активности за кои не сте ни знаеле дека постојат“.

Никарагва

„Никарагва е интересна земја помеѓу Костарика и Хондурас. Тука ќе најдете легендарни места за сурфање и преубава природа“.

Брегот на Слоновата Коска

„Ова место е практично рај на Земјата. Очекувајте преубави плажи, идилични села и насмеани луѓе. Не очекувајте развиена инфраструктура“.

Доминиканска Република

„Има езеро, вулкан, скриени плажи и прашуми. Не само што звучи неверојатно, туку и навистина е“.

3-37-godishen-norvezhanec-gi-posetil-site-198-drzhavi-vo-svetot-

Норвешка

„Наречете ме пристрасен, но ако не сте го виделе западниот дел од Норвешка, или нејзиниот север, тогаш не знаете што е пејзаж што воодушевува. Таа се состои од неверојатни планини, фјордови, незамисливи водопади, величествени глечери, мали села, а сонцето на полноќ ќе ве остави без зборови“.

Уругвај

„Оваа релативно неоткриена земја ми остави мирни и опуштачки спомени со многу возбудливи личности“.

1 2

Прегледи:
598
Објавено на:
11.04.2016