Категории

Запознајте го човекот кој ништо не работи, а одлично заработува

Јапонецот Шоџи Маримото има 35 години и смислил несекојневен начин да заработи. Шоџи е оженет и има 4-годишна ќерка. Магистрирал физика на Универзитетот во Осака. Потоа три години работел во издавачка куќа, но му било здодевно и дал отказ.

Шоџи во 2018. година дал оглас:

Изнајмувам човек кој ништо не работи.

Тешко ви е да одите сами во продавница? Ви треба некој кој ќе го чува редот наместо вас?

Работам само лесни работи. Никогаш не сум зафатен, секогаш сум подготвен да помогнам, но нема да работам ништо, освен да јадам, пијам и давам едноставни одговори.

По овој оглас следела огромна заинтересираност за неговите услуги. Го барале за вечера, да позира на фотографии за Инстаграм или заедно да фаќаат пеперутки во парк, да посетуваат концерти и спортски натпревари.

Жените го изнајмувале да одат заедно на шопинг. Една дама го носела со себе на состаноци закажани преку интернет.

Некој го изнајмил и да учествува на отпуштањето од болница. Депресивни луѓе го изнајмувале за да ги потиснат своите суицидни мисли.

Шоџи само слушал и одговарал со едноставни одговори.

За своето непретенциозно друштво тој наплаќа по 100 долари на час. Покрај тоа, му плаќаат и патни трошоци и храна. Дневно има по 3-4 клиенти и скеогаш се јавуваат нови.

Веќе има неколку книги, по чии мотиви е снимена и телевизиска драма. Сега има преку 270.000 следбеници на Твитер.

Не сум ни пријател ни познаник – вели тој. Со мене нема нервирање и досада, нешта својствени за вистинските меѓучовечки односи, но на многумина им ја олеснувам осаменоста.

Прегледи:
521
Објавено на:
06.09.2021