Категории

Запознајте го ДогВинчи, кучето кое црта и ги продава своите уметности

Не сме само ние луѓето преокупирани со егзистенцијални прашања и потрага по смислата за својот вистински идентитет низ уметноста.

Лабрадорот Дагер е трениран за асистенција на личности со потешкотии, а покрај тоа, овој симпатичен крзнен миленик има уметнички афинитети со кои создава добри дела.

Дагер ги набљудувал сликите на својата сопственичка Ивон Дагер, кога почнал и самиот да слика.

“Почна да ме турка со муцката и го прашав: Сакаш сам да црташ? Почна да мавта со опашката”, раскажува низ смеа неговата сопственичка за “ABC 7 New York”.

Ова куче сега го носи уметничкото име ДогВинчи, а неговите слики се продаваат во износ од 50 до 200 долари. Сите пари одат за помош на компанијата “Canine Companions for Independence” која тренира кучиња за помош на лица со физички и психосоцијални потешкотии.

Прегледи:
537
Објавено на:
24.03.2016