Категории

Запознајте го најпопуларниот навивач на Македонија за кого наголемо пишуваат странските медиуми

Победата над Тунис беше среќна, 13-та по ред, на Мундијалите за Македонија. „Црвено-жолтиот” дел од публиката имаше големи причини за радост по триумфот на Македонија а за пеколна атмосфера и добар навивачки дух во текот на натпреварот „вината“ за имаше шармантниот Даниел Цонев- Швајцарецот, навивач од Кочани кој живее во мало градче близу Луцерн. За него веќе наголемо се пишува во странските медиуми бидејќи неговото црвено-жолто обоено лице, што ги симболизира боите на Македонија, станало заштитен знак и амајлија на нашите репрезентативци, каде и да одат, пишува Дневник.

Деновиве е во Франција, но со нашите ракометари беше и во Катар, во 2012 на напреварот во Виена каде довел уште 40 негови другари, како што бил и во Шпанија и на уште други меѓународни ракомнетни арени.

Даниел, инаку, работи како планер на продукција во една текстилна фабрика. Ни вели дека некој мора да се грижи и за тоа кој колку ќе се произведе и колку ќе се купи. Но, додава, и за тоа кој како навива…

За неговиот навивачки имиџ, вели дека е случаен, но се покажал дека привлекува повеќе внимание од се друго, но и носи среќа на ракометарите.

-Одличен натперавар, растуривме на паркет и на трибини, без агресија и вулгарности покажавме дека сме моќни Македонци. Секоја чест и за Тунис, со дел од навивачите си подадовме рака, дури и посакаа да се фотографираат со мене. Уникатиен сум оти целата моја глава е бојадисана во две бои. Во предност сум во однос на моите другари кои не можат да направат така имаат малку повеќе коса. На образите лепам специјални тетоважи, знаете, како оние порано што се наоѓаа во мастиките за жвакање. Ги нарачав и ги правеа специјално за мене. Потоа главата ја бојадисувам, половина жолто половина црвено, дури носам и леќи во две бои, па едното око ми е црвено, другото жолто. Ми треба околу еден час да се подготвам, а малку повеќе време да се измијам. За да ја симнам бојата од лице секако ми треба долго лежење во када, вели Цонев кој на трибините беше со десетици навивачи од Македонија меѓу кои и мала група од родното Кочани и кои имаа специфичен стајлинг.

Придонес во победата на македонските ракометари со навивачки песни и скандирања дадоа и навивачите од Скопје. Не пропуштаат натпревар, опремени со шалови, капи и уште куп жолто-црвени реквизити тие не се штедат на тринините а така беше и синоќа.

-Од Скопје со автобус дојдовме околу триесетина навивачи. Има луѓе кои си дошле на своја рака, нашинци кои што живеат во Европа. Бевме вкупно околу 200 навивачи во салата и направивме убава атмосфера, вистинска навивачка, и беше среќно за нашите ракометари. Со тунижаните се боревме по вторпат. Првиот пат во Катар беа околу 10.000, а сега околу 100 навивачи. Не се незгодни навивачи, не сме имале никаков проблем со нив. И во Катар и сега честитаа победа. И тие се обични луѓе, дојдени да гледаат ракомет. Нема хулиганство и такви работи. Натпреварот го доживеавме макимално тензично и стресно бидејки до 45 минута губевме… Многу, многу нерви и енергија потрошивме. Не се видовме со ракометарите да им честитаме, бидејки тие се сместени во другата страна од градот. Поддршката од трибините секогаш делува мотивирачки и за младите и за староседелците во репрезентацијата, вели Дарко Вепар, предводник на навивачката група од Скопје.

Прегледи:
376
Објавено на:
17.01.2017