Категории

Заштитете го лицето од сонцето и надворешните влијанија: Сјајна и негувана кожа на природен начин!

Секојдневно кожата на лицето е изложена на различни надворешни влијанија. Ветер, дожд, сонце, снег, но и генетиката и начинот на исхрана и живот можат да го забрзаат стареењето на кожата или да предизвикаат промени на неа. Правилната нега на лицето е исклучително важна бидејќи тоа е единствениот начин да ја зачувате, да го намалите нејзиното стареење и да ја одржите кожата на лицето затегната, нежна и убава.

 

Секоја жена сака да има убаво и затегнато лице без разлика на возраста, а студиото за убавина La Sensa особено внимание посветува на третманите за нега и одржување на кожата на лицето. Во соработка со познатиот и докажан бренд Anesi Macedonia се грижат за беспрекорната кожа на лицето на дамите во нашиот град.

Тимот на La Sensa нуди третмани за правилна нега на сите типови на кожа, како и заштита од надворешните влијанија. Производите во колекциите се за еден третман и она што останува по употребата го добивате за вас за да можете да продолжите да ја негувате кожата.

Бренд амбасадорот на La Sensa, познатата водителка Милена Антовска Станковска, редовно ги користи овие третмани и гордо ја открива тајната за совршениот изглед на својата кожа на лицето.

Третманите за лице имаат огромен ефект врз кожата, а придобивките од нив ги чувствувате веднаш. Отсега немате потреба за хируршки интервенции и игли, сѐ што треба да направите е да го посетите студиото за убавина La Sensa и да и ја обезбедите потребната нега на вашата кожа.

Она што е важно да се напомене е и фактот дека производите кои се користат при третманите имаат смирувачко дејство врз кожата. По третманот нема никакво црвенило, така што веднаш може да им се вратите на секојдневните обврски.

 

Третманите се наменети за сите дами кои сакаат да и пружат на својата кожа дополнителна нега и да го вратат изгубениот сјај и свежина. Препаратите кои се нанесуваат продираат и до најдлабоките слоеви на кожата и на тој начин ја враќаат нејзината еластичност, ја смируваат уморната кожа и доведуваат до свеж изглед.

Во летниот период овие третмани се особено корисни за кожата, а доколку одите на одмор или веќе сте се вратиле, задолжително треба да ја нахраните кожата и да ја обезбедите со потребната доза витамини.

Подмладете ја својата кожа на природен начин, заштитете ја од штетното влијание на сонцето и предвремено стареење, закажете го својот термин во La Sensa и пркосете им на сите временски услови.