Категории

Заштитете ја косата од сонцето и морската сол со помош на оваа маска!

Во текот на летото, сонцето е најголемиот непријател на женската коса. Освен сонцето, најлошата комбинацијата за косата е сонцето и морската вода. Ви го претставуваме најдобриот рецепт за маска за коса. Нанесете ја на сува коса. Оставете неколку минути да делува и потоа измијте ја со млака вода.

Состојки:

  • 1 жолчка
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка лимонов сок

Подготовка:

Измешајте ги состојките со миксер или апарат за смуди. Ако сакате маската да биде потечна за да ја нанесете полесно на косата, измијте ја косата нормално со шампон. Не заборавајте во текот на летото редовно да ја хидрирате косата. На пример, ако ја миете косата денес, два часа претходно нанесете на косата маслиново или кокосово масло од темето до крајот на влакната. Потоа внимателно измијте ја косата.

Најголемиот непријател на косата е алкохолот кој во големи количини се наоѓа во секој шампон. Во текот на летото секогаш мијте ја косата со шампон наменет за сува и оштетена коса, без обзир каква ви е косата моментално.